Еве какво време не очекува во неделата која следува!

октомври 23, 2019

Продолжува периодот на претежно сончево и топло време. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Целата наредна недела нè очекува сончево и топло време. До среда максималните темеператури ќе изнесуваат до 29 степени Целзиусови. Со високи темеператури ќе го дочекаме и наредниот викенд.

Утринските температури ќе бидат во постепено опаѓање, ќе се движи од четири до 14, а дневната од 21 до 30 степени. Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: