СЛАВЧО ПОПОСКИ: Доаѓа циклонот ГЛОРИЈА – од среда ДРАСТИЧНА промена на времето, силен ветер, значително освежување и НЕВРЕМЕ!

јули 7, 2019

Под влијание на циклонот ГЛОРИЈА веќе од среда па натаму очекуваме ЗНАЧИТЕЛНА промена на времеската состојба кај нас, односто значителен пад на температурите на воздухот (за околу десет степени, засилен ветер од променлив правец како и нестабилност проследена со врнежи и грмежи). Инаку условите за најпрвин изолирана нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови з аград ќе започнат веќе од понеделник попладне но сепак најголемата промена на времето ќе се случи во среда и во четврток кога на многу места ќе има врнеежи од дожд проследени со грмежи. Поради судирот на две воздушни маси (топлата од југ и значително посвежата од север) локално има услови за ИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси проследени со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења како и со појава на град.

За време на овој циклон локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2(, исто така значително количество на воден талог локално очекуваме да наврне за кратко време и тоа поради нестабилноста која се очекува, токму поради ова има услови да дојде и до локални поплавувања.

Од четврток па натаму максималните температури на воздухот ќе бидат значително пониски и на многу места ќе бидат под 30 степени, односно истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен во најтоплите региони од државава.

Подготви: Славчо Попоски

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ