Погледнете какво време не очекува од утре до четврток!

ноември 11, 2019

Под влијание на влажен бран од Медитеранот, утре и во среда ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд.

Пообилни врнежи на повеќе места ќе има утре во вечерните и ноќните часови, а во среда повеќе врнежи се очекуваат во источните делови. На места ќе наврнат над 30 л/м2 дожд.

Ќе дува повремено засилен југоисточен ветер (над 60 км/час), кој особено ќе биде изразен вдолж Повардарието, како и на повисоките места и на планините, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде девет, а максималната ќе достигне 20 степени.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ