ЗОШТО ВО СТРУМИЦА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА?

март 24, 2018

Речиси четири месеци во Струмица не се полага возачки испит.  Испитниот центар Ас струмекс кој го опслужува цел југоисток, од 30 ноември минатата година не спроведува ниту  практично  ниту теоретско тестирање на кандидатите кои сакаат да добија возачки дозволи. Членовите на испитната комисија немала лиценци како што предвидува законот за безбедност на сообраќајот на патиштата чии измени стапија на 1 декември лани, објави Телевиизја 24.

Повеќе од 500 кандидати од Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија кои ја поминале обуката чекаат да го положат завршниот  испит за возачка дозвола, но сегашната комисија немала законска основа да го спроведе завршниот испит оти немаат лиценци.

Законското решение за безбедност во сообраќајот на патиштата од  2015 налага од 30 ноември 2017 сите испитни центри во Македонија  да поседуваат лиценцирани испитувачи. Лиценците треба да ги издава МВР. Но постапката се уште не е завршена.

„Со решение на министерот, формирана е комисија која има задача да спроведе постапка за спроведување на стручиот испит  на електронски начин за  испитувачи – теоретски и практичен дел. Во МВР се води постапка за избор на стручни лица (двајца универзитетски професори)  кои заедно со преставници на Министерството за внатрешни работи треба да изготват база на прашања за спроведување на стручниот испит“, одговорија од Министерството

Одлагање на спорните одредби и промена на законското решение бараат од здружението на независни возачи, инструктори и авто школи оти нема законско покритие за полагање возачки испит.

„Законската одредба за добивање на лиценца за стручен кадар во авто школата и испитниот центар, роковите се пробиени. Не знам што содржат измените, дали ќе се оди со одложување, бидејќи министерството веќе има изготвено измени на овој закон“, вели Јонче Апостоловски – Здружение на независни возачи, инструктори и автошколи

Во Македонија постојат 8 испитни центри. Во дел од нив според информациите на Телевизија 24  се полага возачкиот испит иако стручниот кадар на испитните центри немаат  лиценци.

ИЗВОР : КУРИР.МК

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ