Вечерва со почеток во 19 часот во домот на АРМ ќе биде изведена претставата „Пат околу светот“ во режија на младата струмичанка Катерина Бенинова, а во која што учествуваат ученици од повеќе основни училишта во општина Струмица. Претставата е завршен настан во рамките на проектот Театарот како средство за будење на мечта и можност за креативна комуникација кај генерациите во развој „ТЕАТАРОТ ВО СВЕТОТ НА ДЕТЕТО“ на Здружението за култура и уметност СЦЕНА.
Општина Струмица финансиски го поддржа овој проект препознавајќи го значењето на културата и учеството на младата популација во неа.