strumica denes logo

ЕКОЛОШКИ ЗДРУЖЕНИЈА СО ЗАЕДНИЧКО БАРАЊЕ ДА СЕ ПОНИШТАТ КОНЦЕСИИТЕ ЗА РУДНИКОТ ИЛОВИЦА – ШТУКА!

Автор:

Датум:

јуни 29, 2026

Автор:

Датум:

јуни 29, 2026

Еколошките организации од Југоисточниот регион и од повеќе градови во државата упатија заедничко барање до Владата, во кое бараат целосно поништување на концесиите за проектот за рудникот Иловица – Штука.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Како што соопштија од Здрава Котлина, заедничкиот став бил усвоен на состанок одржан на 27 јуни во Струмица, на кој присуствувале претставници на повеќе еколошки здруженија.

Во барањето се наведува дека Владата, на една од наредните седници на која ќе се разгледува прашањето за концесиите на компанијата „Еуромакс Ресурси“, треба да донесе одлука за нивно поништување, а не нивно враќање на повторна постапка.

Потписниците сметаат дека Владата ги има сите правни механизми и јавната поддршка за таква одлука, посочувајќи дека во изминатата деценија граѓаните во повеќе наврати го изразиле своето противење на проектот.

Во соопштението се наведува дека, доколку не биде донесена одлука за поништување на концесиите, ќе биде повикан поширок граѓански и еколошки отпор против, како што наведуваат, „рудниците на смртта“ и другите облици на загрозување на природата, животната средина и здравјето.

Истовремено, еколошките организации ги повикуваат сите здруженија, граѓански организации и граѓани во државата да се приклучат кон ова барање, апелирајќи до Владата да донесе одлука, како што наведуваат, во интерес на јавноста и идните генерации.

Заедничкото барање е потпишано од организациите: ЕКО-ДОЛИНА – Ново Село, ЗДРАВА КОТЛИНА – Струмица, ЗЕЛЕНА НАРОДНА СТРАЖА – Скопје, ЈА ШТИТАМ БЕЛАСИЦА – Ново Село, МЛАДИТЕ НА ШТУКА И ИЛОВИЦА – Босилово, СПАС ЗА ГЕВГЕЛИЈА – Гевгелија, СПАС ЗА ПРИЛЕП – Прилеп, СПАС ЗА СТРУМИЧКА КОТЛИНА – Струмица и CHANGEMAKERS 4 ALL – Гевгелија.