– Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство во Радовиш, поднесе кривична пријава против , Џ.Д (23), С.А (22), У.У (30), и М.Ј (29) сите од Радовиш, поради поради постоење основано сомнение дека пријавените сториле шест кривични дела „тешка кражба“ на штета на правни лица од Радовиш а прво, второ и трето пријавениот сториле уште две кривични дела „тешка кражба“ на штета на физички лица , на подрачјето на дела ги сториле во временскиот период од 26.02.2018 годиона до 18.03.2018 година, објект на напад биле шест товарни моторни возила кои биле паркирани на паркинг плацови во Радовиш и два трактори кои биле паркирани во дворните места на оштетените, предмет на напад биле четиринаесет акумулатори, а ги извршиле на тој начин што во седум случаи со употреба на погоден алат ги демонтирале акумулаторите а во еден случај со подесен алат ги отштрафиле држачите и клемите на акумулаторите.
Со извршувањето на кривичните дела прибавена е противправна имотна корист од 169.000 денари.
Веднаш по пријавување на настанот од страна на НК за КР –Радовиш преземени се мерки за пронаоѓање на сторителите на кривичните дела.
По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица – НК за КР – Радовиш изготвена е кривична пријава и доставена во ОЈО-Радовиш.