strumica denes logo

ПРОТЕСТИ ВО МУРТИНО: Земјоделците протестираат поради ниските откупни цени на зелката

Автор:

Датум:

март 26, 2018

Категории:

Струмица Денес

Автор:

Датум:

март 26, 2018

Категории:

Струмица Денес

Земјоделци од струмичко, производители на пролетна зелка, денеска во селото Муртино со мирен протест го искажаа своето незадоволство од намалувањето на откупните цени на оваа градинарска култура.

Пред неколку денови пролетната зелка се откупуваше за 35 денари за килограм, а денеска цената падна на 30 денари за килограм. Производителите бараат од надлежните да го запрат трендот на намалување на откупната цена и таа да не осцилира.

– Бараме да нема драстични осцилации на откупната цена и повторно да се спроведуваат неделните откупни цени. Оваа мерка ја има во законот и бараме доследно да се спроведува за да не се случува секој ден да има промена на откупната цена, вели Драги Памуков, земјоделец од село Куклиш.

Според него, потребно е до крајот на сезоната откупната цена да не падне под производствената, а за производителите, вели, најдобро е таа да не падне под 20 денари за килограм.

На протестот присуствуваа и претставници на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тие ги ислушаа барањата на земјоделците и притоа истакнаа дека наредните денови ќе се формира работна група од земјоделците, која во Владата ќе ги пренесе барања за запирање на падот на откупната цена на пролетната зелка.