ОТЕЦ ЃОРЃИ: ВАНЃА НЕМА НИШТО ЗАЕДНИЧКО СО БОГ!

март 20, 2018

ОТЕЦ ЃОРЃИ:

Би сакал да објаснам некои вистини околу познатата кај народот (баба Ванѓа) и еднаш за секогаш да сватиме на кого таа му служеше, дали на Бога или на мамона. Иако таа е моја сограѓанка, родена и порасната во Струмица, сепак сакам да се обелоденат работите за неа, затоа што многу на големо се зборува за неа и се прават разни емисии. Во својата книга „Вистината за Ванѓа“ Касимира Стојанова ги забележала нејзините зборови: Тоа не бев јас, тоа се други, кои се наоѓаат покрај мене. Баба Ванѓа, која ја сметаа за јасновидка, не е кротка, добра, вредна и искрено побожна како што доликува на една вистинска Божја слугинка.

Ванѓа никогаш немала нешто заедничко со Бог, а нејзините предвидувања немаат ништо заедничко со Божјото откровение.
Потврда за ова може да се најде во книгата на Касимира Стојанова, братучедка на Ванѓа, во која има примери каде се потврдува дека јасновидката била во непосреден контакт со демоните.

Извадок од книгата на Касимира: „Се сеќавам на денот кога наполнив 16 години. Се сеќавам по тоа што по вечерата во нашата куќа во Петрич Ванѓа изненадно почна да зборува обраќајки ми се на мене. Тоа веќе не беше таа, слушнав глас на сосем друг човек: „Секој миг си под нашето будно око“. Потоа ми раскажа се што сум правела во текот на денот. Останав без зборови. Потоа ја прашав тетка ми: Зошто ми го кажа сето тоа? Ванѓа се зачуди: „Ништо не сум ти кажала“. Меѓутоа, кога и кажав се што сум слушнала од неа, таа тивко одговори: „Тоа не бев јас, тоа се други кои се наоѓаат покрај мене. Едните ги нарекувам „мали сили“, тие ми кажаа што си правела во текот на денот, но постојат и „големи сили“. Кога тие почнуваат да зборуваат со мене, односно преку мене, јас губам многу енергија, ми се лоши и после тоа сум многу изморена“.

Како што може да се види од овој извадок, откровенијата на Ванѓа не се ништо друго освен демонска опседнатост.
Еве уште еден пример од книгата од кој ќе видиме дека Ванѓа била во контакт со демоните: „Сознавајќи за несреќата која доаѓа, мојата јадна тетка бледее, паѓа во несвест, од нејзината уста излегуваат неповрзани зборови, а нејзиниот глас во таквите мигови нема ништо заедничко со нејзиниот обичен и нормален глас“. Гласот е многу силен, нејзиниот речник во таквите моменти се разликува од секојдневниот речник на Ванѓа. Како некој разум да се вселува во неа, како да и ги соопштува судбоносните случки. Таа тоа го нарекува „голема сила“ или „голем дух“. Мислам дека нема потреба да говорам за тоа кого Ванѓа го нарекувала „голем дух“.

Во својата книга Касимира Стојанова, братучедка на Ванѓа, вели дека во последно време се шпекулира дека Бугарската православна црква ќе ја вброи Ванѓа во редот на светителите. Таа информација не е вистинита (вели таа). „Бугарската православна црква не планира да ја канонизира баба Ванѓа.

Останува, браќа и сестри вие сами да процените која е била Ванѓа и на кого таа му служела. Од сите изложени вакти лесно може да се свати дека таа немала ништо заедничко со Бога и со црквата. Само можеме да потврдиме дека јасновидката Ванѓа била во непосреден контакт со демоните и била нивен инструмент.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: