Со головите на Горан Здравков и на Марјан Ташев Беласица во дрбито на Втората лига Исток го победи директниот конкурент Борец и сигурно чекори кон пласман во Првата македонска фудбалска лига.
Дербито на 16. коло донесе квалитетен фудбал, а струмичани беа подобри и сега имаат пет бода предност пред второпласираната Брегалница. Борец падна на третата позиција по поразот во Струмица, што го искористија штипјани и со триумф од 1:0 против Плачковица на гостински терен ги прескокнаа велешани. Најзаслужни за оваа значајна победа беа струмичките Ајдуци кои навиваа фантастично цел натпревар.
Прв фаворит за првото место и директен пласман е Беласица, а во битката за втората позиција остануваат Брегалница, Борец и Кожув.