strumica denes logo

ЗЕЈТИНОТ СЕ ПОКАЧИ ОД 85 НА 134 ДЕНАРИ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА!

Автор:

Датум:

април 6, 2022

Автор:

Датум:

април 6, 2022

Од 85 до 134 денари или цели 50 денари е разликата во цената на зејтинот на ист производител во продавниците во земјава. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека веќе се преземени мерки со намалување на ДДВ-то од 5 на 0%. Тој најави дека преку Министерството за земјоделие производителите ќе бидат субвенционирани и со нив се во редовна комуникација, пренесува ТВ 21.

„Имајќи предвид дека има зголемување на берзите во однос на суровото масло и затоа има одредени покачувања на цените. Најважно во вакви моменти е дека во Макеоднија нема проблем во делот со снабдување и производтсво на масло за јадење. Следиме редовно и ако е потребно ќе донесеме дополнителни мерки за да го ублажиме притисокот во делот на поскапување на цените“, истакна Крешник Бектеши.

За тоа за колкав период има залихи на зејтин министерот не одговори, бидејќи спаѓаат во класифицирани информации. Од наши иселеници во странство дознаваме дека во Германија го голем дел од маркетите празни се полиците за зејтин, а кога го има се продава 700мл за 4,6 евра. Во Италија цената на зејтинот е од 5 до 22,50 евра.