strumica denes logo

КОВАЧЕВСКИ: Можно е намалување на струјата, произведуваме 20% повеќе струја од лани

Автор:

Датум:

февруари 1, 2023

Автор:

Датум:

февруари 1, 2023

Клучен дел во справувањето со кризата беше зголемувањето на производството на државните електрани со што се постигна намалување на цената во првите два блока што ги опфаќа најголемиот број од домаќинствата, истакна во своето обраќање премиерот Ковачевски. Според него и во иднина не би требало да се очекува зголемување на цената на струјата.

„Во наредниот период јас претпоставувам и работиме на тоа да нема зголемување, дури може да има во одредени сегменти и намалување. Основната претпоставка за тоа е зголемено производство на електрична енергија. Минатата година ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20 проценти во однос на претходната година. За оваа година планот е повторно зголемување на производството на електрична енергија. И тоа дава основа да може да правиме пресметки врз основа на кои што нема да има зголемување на електрична енергија.“, рече Димитар Ковачевски.

 

ИЗВОР: ТВ21 – Кликнете овде за да ја погледнете целата вест