strumica denes logo

Анѓушев прв ќе воведе во Македонија големи батериски системи за складирање на вишокот електрична енергија од обновливи извори

Автор:

Датум:

јуни 15, 2023

Автор:

Датум:

јуни 15, 2023

Фирмата ЦетралИнвест на бизнисменот Кочо Анѓушев прва ќе донесе во Македонија големи батериски системи за складирање на вишокот електрична енергија која се произведува од електрани од обновливи извори.

Во моментот фирмата гради нова фотоволтаична електрана од 6,5MW(мегавати), и во неа ќе бидат инсталирани батерии како пилот-проект во државата.

Батериите моментално се единствениот начин за складирање на вишокот електрична енергија од обновливи извори, пред се од сончеви (фотонапонски) електрани. Складирањето на вишоците ќе го спречи тоа што сега случува-да има преголемо производство на електрична енергија која не може да се потроши во моментот кога се произведува. Батериите ќе овозможат струјата која преку ден е вишок, да може да се користи тогаш кога ќе биде потребна.

Инаку, компаниите на Анѓушев, кои меѓу другото поседуваат хидроелектрани, фотонапонски и био гасни електрани, лани остварија раст на приходите од 135%.