Тринаесет лица од Струмица се лишени од слобода во врска со пријавен физички напад врз татко и син во селото Кривогаштани, информираат од СВР Битола.
На 23 септември 2026 година, во 00:30 часот, во ОВР Прилеп, В.З. (39) од Кривогаштани пријавил дека пред неговата куќа тој и неговиот татко биле физички нападнати од група лица. Според пријавата, станувало збор за работници сместени во соседната куќа, кои при нападот употребиле и тврди и остри предмети.
По преземените мерки и активности, полицијата лишила од слобода 13 лица од Струмица. Од СВР Битола најавуваат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.




















