„Здрава Котлина“ ги повика граѓаните да присуствуваат на јавната расправа која, според нивната објава, ќе се одржи во четврток, 24 септември 2026 година, со почеток во 12 часот, во Домот на АРМ во Струмица.
Оттаму најавуваат дека нивни претставници ќе учествуваат во расправата и ќе изнесат забелешки и аргументи против плановите и стратегиите кои, според нив, предвидуваат отворање рудници. Истовремено, упатуваат повик до граѓаните за поддршка со присуство и надвор од објектот.
Повикот е упатен и до пратениците, градоначалниците, општинските советници и претставниците на надлежните институции, од кои „Здрава Котлина“ бара да присуствуваат и да ги образложат своите ставови пред јавноста.
Во објавата се изразува загриженост за можните последици од рударските активности врз водата, земјоделската почва и животната средина. „Здрава Котлина“ го повторува својот став против отворање рудници во југоисточниот дел на државата.
Линк од нивната оригинална вест: https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=1370747851938821&id=100070108578053&rdid=Bq92SK558EKGdRIN#




















