strumica denes logo

Македонската берза јавно ги опомени „Оранжерии Хамзали“

Автор:

Датум:

октомври 21, 2018

Категории:

Економија

Автор:

Датум:

октомври 21, 2018

Категории:

Економија

Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена на „Макотекс“ АД Скопје поради необјавување на образложение кон резултатите при објавувањето на неревидирните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2018 година и на „Оранжерии Хамзали“ АД Струмица поради ненавремено објавување на ревидираните финансиски извештаи за 2014 година и годишниот извештај за работењето во 2014 година, ненавремено објавување на ревидираните финансиски извештаи за 2015 година и годишниот извештај за работењето во 2015 година и заради необјавување на образложение кон резултатите при објавувањето на неревидирните финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2018 година, соопшти берзата.