Секојдневно младите се жалат на тоа дека нема работа во Струмица, или пак кога ќе ја пронајдат посакуваната работа тие не се задоволни од условите кои им ги поставуваат сопствениците. Најчесто младите во Струмица работат по кафулињата и рестораните, некои велат дека платите се одлични бидејќи немаат никакви финансиски обврски засега, но сепак сакаат да уживаат бидејќи се’уште биле млади за работа, од други пак ќе слушнеме: „За 18 иљади плата нема шанси да работам.“
Дали сопствениците во Струмица треба да ги покачат платите, или пак на младите не им се работи? Вашите размислувања слободно може да ги дадете во коментар.