strumica denes logo

ФОТО СЕЌАВАЊЕ: ПОПУЛАРНИТЕ МОТО ТРКИ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

септември 12, 2020

Категории:

Стара Струмица

Автор:

Датум:

септември 12, 2020

Категории:

Стара Струмица

Денешната статија има содржина која со сигурност им е позната на постарите струмичани. Станува збор за популарните мото трки, кои традиционално, секоја година, се одржуваа на Денот на ослободувањето на градот и ги мамеа погледите на сите вљубеници во брзото возење, но и на случајните минувачи.

За тоа колку била голема популарноста на настанот зборува масовната посетеност на фотографиите. Триумфалната бина била поставена на местото на денешна Комерцијална банка, а натпреварувачите била поделени во различни категории според кубикажа. Во трките биле вклучени голем дел од струмичките улици, а подготовките за трките почнувале со месеци наназад.

„Особено радосни бевме ние, децата. Часови пред да започне трката излегувавме од дома со цел да фатиме убаво место. Им се умилкувавме на другарчињата од чиишто балкони можевме убаво да ги следиме возачите. На голем дел од нашите познаници им учествуваа таткоците или браќата – тие беа особено горди. Се’ на се’, беше уникатно дожувавање во тоа време!“

Фотографиите се направени од струмичкиот фотограф Ванчо Трендов, кој успеал да овековечи голем дел од настанот низ годините.