strumica denes logo

ВИДЕО: Струмица на нозе, Беласица првпат победи на „Младост“ сезонава

Автор:

Датум:

септември 27, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

септември 27, 2018

Категории:

Спорт

Беласица е во ритам и веќе пет официјални натпревари е само со позитивни резултати, а првпат се израдува на победа во Струмица, откако минимално ја совлада екипата на Шкупи со 1-0.

Oсоколени по победите над Пелистер во Купот и Ренова во шампионатот, фудбалерите на Беласица на „Младост“ ја пречекаа променливата екипа од Чаир. Тренерот Живковиќ скоро го потврди тимот кој го освои Тетово во неделата и по само седум минути неговата екипа поведе. По центаршутот на Вусљанин пред голот на Зендели, најдобро се снајде Зоран Балдовалиев и со гол со глава во пад ги доведе струмичани во водство (1-0).

Следеше реакција на „гулабите“ и закани на Илијоски и Aнгелов, но без потреба за интервенција на домашниот голман. Живковиќ го раната фаза го повлече Јанев заради повреда, а го внесе Митевски. Пред крајот на првиот дел, Балдовалиев имаше нова можност по една збркана акција по корнер, но скопската одбрана расчисти.

На почетокот од вториот дел, Абдулкадир Занго влезе кај гостите, а по еден час игра Живковиќ ги замени Балдовалиев и Калпачки со Ѓорѓиев и Серафимовски. Tокму нововлезениот Занго се закани од контра напад во 71. минута, но му недостасуваше завршница на акцијата.

Ритамот целосно опадна, замените на Живковиќ го затворија бедемот и Беласица го приведе натпреварот кон крај со минимален триумф и чекор кон средината на табелата.