Спортското небо на Струмица побогато за уште една ѕвезда!
Васил Валмарски од Струмица кој има 17 години а живее и учи во Германија под водство на светскиот познат тренер Угур Ѓулер кој е поранешен првак во Taekwondoo u Baden Württemberg, по неколку успешни борби беше номиниран да ја претставува Германија на светското првенство во кик-бокс во Полска од 09.10.2019 до 14.10.2019.
Валмарски вчера освои бронзен медал од вкупно 49 земји ширум светот.
Тимот на Струмица Денес на Васил му посакува уште поголеми успеси во иднина!