strumica denes logo

Струмичанецот Јани Атанасов го остварува својот сон – Полски клуб даде 300.000 евра за трансфер!

Автор:

Датум:

јануари 25, 2023

Категории:

Спорт, Струмица

Автор:

Датум:

јануари 25, 2023

Категории:

Спорт, Струмица

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов и официјално е нов фудбалер на полска Краковија откако вечерва го потпиша три ипол годишниот договор со овој клуб.

Атанасов во Краковија доаѓа од сплитски Хајдук, шест месеци пред да му истече договорот со „билите“, а според најавите од Хрватска трансферот ќе чини до 300.000 евра. Атанасов денеска ги мина лекарските прегледи и сега го потпиша договорот до јуни 2026 година.

Струмичанецот кој е дете на Академија Пандев, во кариерата играше уште за турска Бурсаспор, од каде во летото 2020 година се пресели во Сплит. Тој е поранешен младински репрезентативец, а од минатата година влезе во сениорската репрезентација на Македонија.