Од име на организаторот на Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал во Василево 2019/2020, Ве известуваме дека рокот за пријавување за учество на турнирот и стартот на натпреварите пролонгираат. Пријавувањето ќе трае до 20.12.2019 година до 16:00 часот, а почетокот на турнирот ќе биде наредниот ден на 21.12.2019 година. Одредувањето на паровите за игра ќе се изврши на 20.12.2019 во 17:00 часот во просториите на Спортската сала во Василево. Останатите правила остануваат исти!
КОТИЗАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО ИЗНЕСУВА 5.000 ДЕНАРИ!
ВКУПНИОТ НАГРАДЕН ФОНТ ИЗНЕСУВА 200.000 ДЕНАРИ.
За пријавување, учество и дополнителни информации, заинтересираните треба да се обратат кај организаторите на турнирот на еден од следните телефонски броеви: 075 353 074 и 076 404 090