На акумулацијата Палурци кај Богданци денеска заврши Интернационалното крапско дружење „Палурци 2018“.
По 50 часови непрекиното ловење на крап, најуспешна е екипата на „Корморани 2“, составена од спортски риболовци од Струмица и Кочани со улов од 52 килограми. Второто место го освоија риболовците од екипата на „Цо2 Карп тим“ од Скопје со улов од 37 килограми, а третото место го освоија крапџиите од екипата на „КТ Бојла“ од Богданци, со 16 килограми.
На Крапското дружење „Палурци 2018“ учествуваа 21 екипи од Македонија, Грција, Бугарија и Србија.
Натпреварот успешно го организираше ЗСР „Костреш“ од Богданци, а признанијата на најуспешните им ги додели градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов.