strumica denes logo

ПЕРО АНТИЧ ВО СТРУМИЦА НА РАЗГОВОР ЗА ВРАЌАЊЕ НА СЈАЈОТ НА СТРУМИЧКАТА КОШАРКА!

Автор:

Датум:

јуни 28, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јуни 28, 2019

Категории:

Спорт

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

„Струмица е спортски град со богата спортска традиција и секогаш спортот е приоритет на општината. Со претседателот на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ и спортскиот директор, Тодор Гечевски како и со советниците за спорт во Владата на Република  Македонија, Даниел Димевски и Ѓорги Тасев, разговаравме за враќање на сјајот на струмичката кошарка и создавање на нови кошаркарски имиња. Ја потврдив мојата заложба за континуирана поддршка, но и потенцирав дека треба сите заедно да соработуваме и да го дадеме максимумот за развој на спортот во општината.“ – напиша градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски.