ИВАНА МИЛЕВА, МАРТИНА АЗМАНОВА, ВИКТОРИЈА ТРАЈКОВА И АНАСТАСИЈА ВИТАНОВА ОД СТРУМИЦА СЕ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА ОДБОЈКАРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРЕДВОДЕНА ОД АЛЕКСАНДАР МИТЕВ!

јули 2, 2023

Македонската одбојкарска репрезентација предводена од селекторот Александар Митев во моментот се наоѓа во Србија каде учествува на Балканијадата во пионерска конкуренција жени. Дел од македонската репрезентација се и четири наши струмичанки: Ивана Милева, Мартина Азманова, Викторија Трајкова од ОК Наковски Волеј и Анастасија Витанова од ОК Виктори Волеј.

Македонската репрезентација е во групата со Турција и Црна Гора и очекуваме да се покажат во најдобро светло на интернационалната одбојкарска сцена во боите на нашата Македонија!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ