ТИВЕРИОПОЛ.МК ОБЈАВИ: Илон Маск со поддршка на „Што е жена?“ на Мет Волш!

јуни 4, 2023

Илон Маск со поддршка на „Што е жена?“ на Мет Волш

Еден од најголемите умови на денешницата, Илон Маск го сподели филмот „Што е жена?“ на Мет Волш на платформата Твитер каде што е слободен за гледање 24 часа.

„СЕКОЈ РОДИТЕЛ МОРА ДА ГО ВИДИ ОВА“, напиша Маск, кој во коментарите додава дека,„возрасните способни за согласност може да прават сѐ што ги прави среќни, но под услов тоа да не им штети на другите, но детето не е способно за согласност-поради што имаме закони за заштита на малолетниците“.

Илон Маск ги промени правилата на Твитер за емитување филмови со времетраење до два часа, за да се емитува документарецот на Мет Волш кој е во продукција на Дејли Вајр, бидејќи прикажувањето во кино салите низ САД трпеше опструкции, притисоци, цензури. Од вчера до денес филмот го погледнале 30,1 милиони луѓе.

„Што е жена?“ на Мет Волш од 9 мај се проектира и низ кино салите во Македонија. По премиерата во Струмица, филмот досега е емитуван во Берово, Кочани, Виница, Радовиш, Зрновци, Неготино, Велес…

И тука, прикажувањето на филмот не помина без негативен публицитет. Најголемиот стигна од министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, која на ден пред втората проекција во Струмица, на својот Фејсбук профил ја иронизираше содржината на филмот, квалификувајќи го авторот Волш како контраверзен и конзервативен политички коментатор.

Инаку, Маск кој од почетокот на месецов повторно седна на финансискиот трон како најбогат човек на светот, со вредност на неговите компании меѓу кои „Тесла“, Твитер, Спејс Икс од 192 милијарди долари според индексот на Блумберк билионерс индекс има своја лична приказна поврзана со трансродовите лица.Неговиот најстар син направи промена на полот и на името.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ