Генерацијата дечиња родени 2008 година со освоено прво место се враќа од турнирот „75 години Гунди“ кој се одржа во Самуилово – Бугарија. Покрај екипата на Академија Пандев, на турнирот учествуваа екипите на Беласица Петрич, Левски, Мачета, Беласица Струмица и Самуилово. Покрај освоеното прво место, нашите дечиња ги освоија и наградите за најдобар голман – Александар Трајковски и најдобар голгетер – Андреј Тимов.