Струмица израмни на 1:1 во финалната серија за титулата во одбојкарскиот шампионат. На вечерашниот меч во Скопје, кој траеше речиси 2.5 часови, струмичани губеа со 0:2 во сетови, но сепак направија пресврт и победија со 3:2. Тие петтиот решавачки сет го добија со 15:7 и со тоа израмнија на 1:1 во финалната серија.
Вардар може да жали, имаше се во своите раце но сепак успеа да го испушти овој меч иако имаше водство од 2:0. Па така сега Вардар и Струмица имаат 1:1 во финалната серија, се игра во три победи, а веќе во недела во Струмица се игра третиот меч од битката за титулата.