strumica denes logo

ЧЕСТИТКИ: СТРУМИЧКИОТ МЛАД И ТАЛЕНТИРАН ГОЛМАН ВАСИЛ ГОГОВ, ДОБИ ШАНСА ДА РАБОТИ СО ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ВАРДАР!

Автор:

Датум:

јули 30, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јули 30, 2019

Категории:

Спорт

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Нов голман на вториот сениорски црвено-црн колектив, Вардар Јуниор кој е предводен од Стојан Петрушевски е младиот „чувар на мрежата“ Васил Гогов. Тој премина во вардаровиот табор од тимот на РК Астраион-Струмица. Станува збор за млад и екстра талентиран голман, кој има одлични квалитети пред кој секако е многу работа за да се надградува и да ги стигне ракометните височини. Тој повеќе од две години работи по програма на врвниот вардаров тренер, познатиот „брусач на млади голмански дијаманти“ единствениот Александар Царчев. Истата во неговиот тим РК Астраион ја споведуваше неговиот досегашен тренер, човекот кој предано се посвети на неговиот напредок Лече Пилчев.

Гогов е млад 19.годишен и перспективен голман, кој веднаш имаше шанси да ја почустувава магијата на Вардар. Првивремено е дел од првиот тим со кој ќе ги работи подготовките поради ангажираноста на Марко Кизиќ со настапот на Светското Првенство. Новиот тренер, шпанецот Писонеро бил позитивно изненаден за перформансите на новиот младиот голман. Стумичанецот веднаш имаше прилика да работи со неговиоте идоли кои ја покорија ракометна Европа, квалитетот е очигледен, се гледаат „прстите“ на Царчев во неговото ракометно раснење.