Фудбалерите на Академија Пандев во пријателски натпревар во Бугарија го совлада шампионот на Туркменистан, Алтин Асир, со 2-1. Пандевци беа подобар ривал на теренот и сосема заслужено ја однесоа победата. Погодоците за струмичани ги постигнаа Марио Крстовски и Давид Атанаскоски.
За избраниците на Југослав Тренчовски следи дводневен одмор, а од вторник со тренинзи и подготовки за стартот на ПМФЛ тимот продолжува во Струмица.
На 1 август ќе биде познат календарот за новата сезона во ПМФЛ и првото коло на Купот на Македонија, а првиот официјален натпревар е предвиден за 12 август. Минатата сезона Академија Пандев го освои шестото место.