Perdormire
Реклама

ЗАПИШИ СЕ ВО ГЕТЕ-ИНСТИТУТ: Германскиот јазик не е научна фантастика, туку е возбудлива авантура за изучување!

За германската научнофантастична серија „Dark“ може да се каже дека е една од најпопуларните серии кои го одбележаа периодот на целосно затворање. Многумина беа возбудени од решавањето математички прецизно поставената загатка на оваа мистерија, која придонесе барем на моменти да заборавиме на грижите и да се препуштиме на возбудата.

Изучувањето на германскиот јазик во Гете-институт е исто толку возбудливо и преку користење на најсовремените технологии и методи на учење ќе се уверите дека усовршувањето на германскиот јазик воопшто не е научна фантастика, туку забавна реалност.

Од Гете-институт додаваат дека онлајн курсевите за возрасни се целосно приспособени на модерните потреби и модерниот начин на живот.
„На истиот начин, како што денес преку најразлични платформи имаме можност самите да одлучиме кога ќе ја гледаме нашата омилена серија или филм, во Гете-институт преку современата платформа имате можност самите да го избирате времето за посета на онлајн курсевите за возрасни, според вашите лични потреби.

Слушателите можат да изберат помеѓу опциите половина од курсот да го поминат преку автоматизираната Moodle платформа, а останатата половина во виртуелна училница со менторство на професор, како прва опција, или како втора опција, најголем процент од курсот да го изучуваат преку автоматизираната Moodle платформа, а само десет проценти во виртуелна училница со професор“, објаснуваат од Гете-институт.
По сличен принцип и приспособена програма функционираат и курсевите за млади од 12 до 18 години, додека курсевите за најмладите целосно ќе се реализираат во виртуелни училници со активно присуство на професор.

Користењето на модерните технологии на учење во Гете-институт веќе не е научна фантастика, туку реалност која учењето на германскиот јазик го прави уште подостапно и позабавно за сите.

Затоа, не размислувајте и започнете ја авантурата веднаш. Пријавувањето за курсевите започнува од денес и ќе трае до 07.09.2020 година.
Пријавувањето може да го извршите онлајн на следниов линк.