НОВОГОДИШНАТА МАГИЈА НЕКА ЗАПОЧНЕ СО ИЗДАНИЈАТА НА ПРОСВЕТНО ДЕЛО!

декември 2, 2019

НОВА ГОДИНА – 3Д

Тридимензионална сликовница со која влегувате во нови авантури, особено интересни и забавни за Нова година. Се префрлате во свет кој како реално да го доживувате, а тоа го овозможуваат тридимензионалните форми на сликовницата.

ЗВУЧНА СЛИКОВНИЦА – СРЕЌНА НОВА ГОДИНА

Празничната новогодишна магија е интересна и возбудлива за децата. Тие за Нова година најмногу се радуваат на подароците. Е и оваа сликовница за некое дете може да биде извонреден празничен подарок. Новогодишните мотиви и најомилениот лик на Дедо Мраз е дополнет и со новогодишни звуци. Таблетoт се притиска и нуди неколку новогодишни песнички.

ВОЛШЕБНА НОВА ГОДИНА

Со оваа сказна ќе ја доловите празничната новогодишна магија. Ликот на Дедо Мраз ве води низ сказната и сите доживувања и возбуди што ги носи истата. Темата е општо позната особено за децата, кои за Нова година најмногу се радуваат на подароците. Читајте ја оваа сказна и магијата за Нова година нека ви биде
комплетна.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ