НАСТАН: МЕСЕЦ НА НАУКАТА!

ноември 15, 2019

Македонското географско друштво, Македонското биолошко друштво, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштвото на физичарите на Република Македонија, Сојузот на математичари на Македонија, , Македонското астрономско друштво, Скопското астроном¬ско друштво, Македонското еколошко друштво, Истражувачкото друштво на студенти биолози,

Истражувачко друштво на студенти географи и Природно-математичкиот факултет се организатори на манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“.

Оваа година реализацијата на настанот ја спроведува Македонското географско друштво.

Манифестацијата „Ноември – месец на науката“ 2019 е наменета за учениците од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, биологија, хемија, математика и географија од Македонија.

]Настанот ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три дена (саботи) во месец ноември:

– 16.11.2019 за ученици од 1. до 6. одд.

– 23.11.2019 за ученици од 7. до 9. одд. и

– 30.11.2019 за ученици од средни училишта.

Манифестацијата вклучува повеќе активности. Покрај научно-стручни популарни предавања, презентации и работилници, ќе се одржи натпревар во изведување експерименти/изработки/симулации/модели од учениците од сите категории (од 1. до 9. одделение и од 1. до 4. година). За овие активности кои ќе се одвиваат во три дена, пријавени се околу 800 учесници од цела држава.

Настанот предвидува и натпревар за најуспешни експерименти со цел зголемување на ентузијазмот и креативноста на младите вљубеници во науката и истражувањето во Македонија.

НАША ЗАЕДНИЧКА ЦЕЛ Е АФИРМАЦИЈА НА ПРИРОДНИТЕ НАУКИ.

Генерален поддржувач на настанот е Просветно Дело.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: