ЛЕТО, ВРЕМЕ ЗА ПАТУВАЊА И НОВИ ДОЖИВУВАЊА: ВО ИЗБОРОТ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ИЗДАНИЈАТА НА ПРОСВЕТНО ДЕЛО, АТЛАС НА ЗНАМИЊА СО ЛЕПЕНКИ И ГЕОГРАФСКИ АТЛАС НА СВЕТОТ!

јуни 27, 2019

Летниот период е време кога навистина многу се патува. Децата се на летен распуст, родителите на годишни одмори , па заедно размислуваат за летни дестинации на езеро, море, а и на планина. За да ви се олесни размислувањето и да откриете нешто повеќе за државата која е избор за ваша дестинација, тука е Просветно дело кое ќе ви помогне со своите изданија: АТЛАС НА ЗНАМИЊА со лепенки и ГЕОГРАФСКИ АТЛАС НА СВЕТОТ.

Атласот на знамиња со лепенки е современо издание во кое се опфатени сите континенти и држави во светот, со нивните знамиња, даден е краток опис и географска посоченост на позицијата и на континентот и на државата. Текстот е кратко сиже со основни информации, а на самата страница е понудена можност да се лепат лепенките со знамињата на посочените држави на континетот.

Централно во Атласот, на 4 страници, се лепенките кои ќе имате можност да ги лепите, а така многу полесно ќе ги совладате географските топоними и ќе имате ориентација за земјите во светот. Типувајте за саканата дестинација.
Географскиот атлас на светот е класичен атлас на светот, а тоа значи дека се вклучени сите континенти и сите држави во него. Станува збор за ексклузивно издание на Просветно дело изработено со најсовремен пристап на дигитално и тематско гис-мапирање, при што се користени специјални, глобални тридимензионални (3Д) подлоги на релјефот на: копното, морското и океанското дно. Тој ќе ви овозможи запознавање на реките, планините, градовите, езерата и се што ќе посакате да откриете од областа на географијата!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: