(ФОТО) СТУДИОТО ЗА УБАВИНА „ЈАСМИНА“ КОЈ СЕКОЈА ГОДИНА БЕСПЛАТНО ПОДГОТВУВА МАТУРАНТИ И ПОЛУМАТУРАНТИ – ДЕНЕС СЛАВИ 6 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ!

декември 2, 2019

Сите ја познаваме како еден од најголемите хуманисти во струмичко! Јасмина Јанчева која има свој салон за убавина во Ново Село, денеска слави 6 години постоење. Јасмина и е позната на јавноста по тоа што секоја година подготвува матуранти и полуматуранти од ранливата категорија, а исто така таа се грижи и за стилот на косата на децата од училиштето за деца со посебни потреби „Св. Климент Охридски“.

Салонот за убавина на Јасмина ви ги овозможува најдобрите фризерско -козметички услуги во оваа општина па и надвор од неа. Салонот за убавина „Јасмина“ работи со маникир, педикир, надградба на нокти, шминка, фризури, шишање, депилација на лице и тело, надградба на свители трепки, ви овозможува и лепење на веги влакно по влакно и третман на лице.

Всушност, оваа успешна госпоѓа целото свое искуство го стекнува од многуте обуки и семинари во земјава но и надвор од неа, се со една цел да бидат пренесени сите стекнати модни трендови во салонот за убавина „Јасмина“. Честитки од тимот на Струмица Денес.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ