(ФОТО) ОД 21 ДО 23 ФЕВРУАРИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ДЕСЕТТИОТ „WEDDING WEEKEND“ ИЛИ САЕМ ЗА ВЕНЧАВКИ!

јануари 17, 2020

Јубилејниот 10ти “Wedding Weekend” “Wedding Expo” или Саем за венчавки и оваа година традиционално ќе се одржи во хотел Александар Палас од 21 до 23 Февруар.

Традицијата продолжува што значи дека и оваа година отворањето ќе биде вистински спектакл.
За отворањето организаторот подготви специјална програма модна ревија на венчаници и машки костуми , специјален перформанс со музичка програма, ревија на накит и свечен коктел. Како модели и оваа година ќе имаме можност да ги видиме нажите познати естрадни дами и господа. Ревијата ќе се одржи во саемските сали (1700м2сите три хали) на хотелот, каде излагачите ќе претстават модели од своите нови колекции.

Над 50 изложувачи
Саемот и оваа година ќе се обиде да им помогне во решавањето на дилемите на идните брачни парови, па освен венчаници и костуми ќе имаат можност да ги видат последните трендови за декорациите на свадба, фотографските услуги, специјалното осветлување, покани за свадба, шминка и фризура, накит, подароци за свадба, ресторани и др. Ќе имаме над 50 изложувачи од кои некој се познати интернационални брендови.

Три дена забава и богата програма
Саемот за посетители ќе биде отворен од 22ри (сабота) од 09ч-20ч и 23(недела) 09ч до 19ч. Во овој период ќе има богата програма со 12 модни ревии на венчаници, машки костуми и накит. Нема да изостанат и многуте награди за посетителите и големиот број на специјални изненадувања.

Јелена Спенџарска е домаќин на 10иот “Wedding Expo”
Прекрасната водителка на Канал5 тв Јелена Спенџарска е овогодинешниот домаќин на саемот за венчавки.

Шопинг картичка и саемски попусти
Најдобриот начин да заштедите во организацијата на вашата свадба е да ги искористите саемските попусти и да аплицирате на едноставе начин за нашата Шопинг Картичка со испраќање на меил со вашето име и презиме на нашиот меил vobelo.com@gmail.com за вас ќе биде изработена бесплатна персонализирана шопинг картичка со која во текот на 2020 ќе можете кај нашите изложувачи да го добиете саемскиот попуст. Картичките ќе се издаваат на самиот влез на саемот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: