(ФОТОГАЛЕРИЈА) НОВО: МЕКИЦИ со кафе е новоста која „COFFEE TO GO – ЌОШЕ” им ја овозможи на струмичани!

октомври 14, 2019

МЕКИЦИ СО КАФЕ е новост во Струмица од оваа есен. Најбараната комбинација е таа, но изборот е многу поголем. Специјалното внимание е врз Мекиците – нешто многу вкусно кое луѓето над 30 со сигурност го поврзуваат со детството. Мекица ( на струмички – Лангида ) е едно од јадењата кое со сигурност е македонско традиционално.
Најчесто ги јадеме со сирење, локум, ајвар и шеќер .

Меѓутоа во пријатната атмосфера со мирис на свежо мелено кафе на реновираниот кафе бар “ЌОШЕ” , старото се сплотува со новото и тука можете да најдете Мекици во најразлични варијанти комбинирани со топол чај и квалитетно кафе. 😊 ☕
Така се роди и Мекицата со нутела комбинирана со шеќер и цимет. Сирење и маслинка или мед .. Многу слично на вкусот кој доаѓа од кујната на баба 🤗

Ви ветуваме дека помеки мекици од нашите нема никаде, направени со голема љубов за вас.
Ве покануваме наутро на релакс #ќошќарење надвор од гратската бучава и расонување со Мекица и локум + кафенце.

Интересен факт : Во Македонија , МЕКИЦИ се дава за новороденче. Дотераните и горди баби ги канат своите пријателки за да се почастат за новороденото внуче 😊

❗❗❗ Друго кое можете да го најдете како вкусни оброци во понудата на “ЌОШЕ” се : највкусните чоколадни крофни во градот , чипс даска придружена со пивце за живце после работа , здрава овесна каша сервирана според најновиот инстаграм тренд , појадок “ЌОШЕ” ( здрави лепчиња со путер , нутела и павлака со разни семиња и јатки во комбинација со вашиот омилен пијалок ), “Ќоше” здрав оброк во чаша за најзафатените во брзање, топли чоколада со Twix, Snickers,Oreo, M&M и многу други !!!

Со љубов
Ваше Ќоше

Instagram : @coffeeshop _kjoshe

Facebook : coffee to go – ќоше

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ