„Ќе престане ли некогаш палењето отпад и загадувањето на воздхот на улицата „Климент Охридски“? Проблемот веќе трае со години и многу пати е пријавено, но никој не презема никакви мерки за да го спречи тоа. Ова веќе не се издржува, затоа ви го испраќам видеото за да споделите да видат сите што се случува“ – вака го започна разговорот со нас еден изреволтиран граѓанин кој многу пати споделува и апелира да престане загадувањето на воздухот со палењето на отпад на транзитниот пат во Струмица. Овојпат искрено се надеваме дека некој ќе се соочи со овој случај и проблемот конечно ќе биде решен.