Сооштение на Еуромакс Ресоурцес:
Почитувани,
Еуромакс Ресоурцес со големо задоволство и респект го честита Денот на Рударите и празникот на нивната заштитничка Пресвета Мајка Богородица!
Континуирани инвестиции во модерно рударство се неопходни затоа што ќе придонесат за значително намалување на евентуалните негативни влијанија и за поефикасна заштита на животната средина. Тие ќе го подобрат животниот стандард на Рударите и нивните семејства, а ќе ги унапредат и безбедносните услови и заштитата при работа на рудниците. Новите современи технологии и високите стандарди во современото рударство ги поставуваат на „пиедестал“ вистинските херои – РУДАРИТЕ!
Од официјалните статистички податоци може да се согледа дека Рударите се меѓу петте најплатени професии во земјава, а рударството останува една од најзначајните индустриски гранки како силен двигател на целокупниот стопански развој. Развојот на одржливото рударство добива значајна улога посебно во денешни услови и потребата на заздравување на националната економија која е соочена со драматичните последици предизвикани од глобалната пандемија.
Честит Денот на Рударите и празникот на нивната заштитничка Пресвета Мајка Богородица!
СРЕЌНО!