Една година по приватната посета во Приштина на сопружниците Зоран и Зорица Заеви, претседателот на владата на Косово, Рамуш Харадинај и неговата сопруга Анита ги „вратија“ гостите и изминатиот викенд дојдоа во Струмица, пренесе Независен.
Големото пријателство на двајцата премиери отскокнува од протоколарните дружења во политичките кругови, пoради што јавноста е заинтересирана да дознае од кога потекнува нивниот близок однос што резултира и со семејни дружби.
– Заедно со Анита го поздравивме нашиот личен пријател и македонски колега, Зоран Заев и неговата сопруга Зорица, со желба нашето пријателство да го рефлектираме и врз односите меѓу нашите две земји и народи. – напиша Харадинај под заедничката фотографија од Струмица.
Заев кажа дека пред една година косовскиот премиер му станал вистински пријател.
– Со колегата Харадинај се запиознавме пред година и половина и нашиот однос се претвори во вистинско пријателство. – вели Заев.