Владимир Ристов во објава денеска известува дека на седница на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ е избран за Потпретседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во објавта стои:
Чест е за млад човек да добие задача да се исправи на предизвикот на актуелното време за нашата партија ВМРО-ДПМНЕ и нашата татковина Македонија.
Пред повеќе од деценија патот по структурите го започнав од матичниот месен и општински комитет и, денеска можам да искажам благодарност и лојалност до Извршниот Комитет на чело со Претседателот Јаулески, особено за силното и охрабрувачко водство на нашиот Лидер Професорот Христијан Мицкоски и да Ви ветам енергично залагање !
Ве поканувам на заедничка работа, одлучно и решително да покажеме секому дека ќе ја оправдаме довербата што ни ја укажуват илјадници млади членови и подршката на сите млади со кои се среќаваме секојдневно за да изградиме Европска иднина!
УМС на ВМРО-ДПМНЕ ја носи лавовската сила на Обновата што доаѓа! – извести Ристов на социјалните медиуми.
Владимир Ристов во периодот 2015 – 2018 беше Претседател на Општинскиот комитет на УМС во Струмица, а досега и член на Извршниот Комитет на подмладокот.