(ВИДЕО) МИТКО ДРВОШАНОВ: 38 МИЛИОНИ ЕВРА ПОТРОШЕНИ БЕЗ ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ ВО СТРУМИЦА!

ноември 13, 2019

https://www.facebook.com/strumicadenes/videos/417171948980115/?t=13

Почитувани граѓани,
Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата на половина од последниот мандат на локалната власт, предводена од сдсм со оваа Прес конференција се обраќа до граѓаните поврзано со дилемите кои се актуелни во јавноста.

Во изминатите две години Општина Струмица потроши два буџета од по 19 милиони евра или вкупно за овие две години нешто над 38 милиони евра.

Дилемите на граѓаните оправдано се: дали по две години или вкупно 14 години раководење на сдсм со општината локалната власт ги има реализирано ветените мерки и проекти што значат подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.

Односно, дали по две години Струмица има почисти улици со посредени тротоари, поуредени паркови и зеленилo.

Или како што секојдневно коментираат граѓаните нашиот град никогаш не бил толку нечист како сега.
Дали по две години дишеме почист воздух како што се ветуваше, или станува збор повторно за уште едно паушално ветување.

И на нас советниците на секоја седница на која го отвараме оваа прашање ни е дадено ветување дека се преземаат мерки. Но, изгледа или не се преземаат, или не се соодветни мерките, бидејки со почетокот на грејната сезона се видоа и резултатите. Резултати кои покажуваат дека Струмица е еден од водечките градови по загаденост на воздухот во Европа.

Дали по две години, има помалку бездомни кучиња по улиците, плоштадот или парковите. Бездомните кучиња секојдневно напаѓаат граѓани и деца, за кој гледаме и видео материјали – доставени од загрижени граѓани.
Дали ветувањето пред две години во предизборната кампања, за ужинка за секое дете, по две години се претвори во проект јаболко за секое дете, секој ден, и тоа јаболка кои децата треба сами да ги измијат и излупат. За овој проект не постои родител кој се согласува или не го критикува.

Дали по две години улиците имаат помалку дупки,
Или улици на кои неможеш да возиш без да погодиш некоја дупка – без разлика коку добар возач си.
Вакви примери на неисполнети ветувања, нереализирани или лошо реализирани проекти, можат да се набројат многу.

Почитувани граѓани,
Ние како советници делуваме како конструктивна опозиција. На сите седници за овие две години постојано укажуваме и даваме предлози и решенија за сите проблеми.

Но по укинувањето на преносот на седниците кој во изминатите години одеа во живо на телевизија, нашата работа не е толку визибилна за сите граѓани.
Сакам да ве информирам дека работиме на изнаоѓање решенија како да имате увид сите граѓани што точно се дискутира на секоја седница.

Конечниот одговор на прашањето: дали реализацијата на овие два буџета, односно потрошените 38милиони евра, ги задоволуваат потребите и очекувањата, оставаме да го дадете самите Вие почитувани грагани.

Ви Благодарам.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ