strumica denes logo

(ВИДЕО) ГОЛЕМ НАРОДЕН СОБИР НА ВМРО-ДПМНЕ ВО НЕДЕЛА ВО СТРУМИЦА, ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВИ ПРЕД СТРУМИЧАНИ!

Автор:

Датум:

април 4, 2019

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

април 4, 2019

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Со почеток од 20:00 часот во недела ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи голем народен собир на кој ќе биде претставен кандидатот Гордана Силјановска-Давкова пред струмичани. Собирот ќе биде на влезот од големот Градски парк наспроти „Хепинес“ кај споменикот на Благој Јанков Мучето. Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица Александар Донев, ги повика струмичани да го поддржат нивниот кандидат. На собирот ќе биде присутен и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој ќе има свое обраќање. Во продолжение погледнете ја целосната прес-конференција.

ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ
КОГА ЗАСТАНАВ НА ЧЕЛО НА ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО – ДПМНЕ СТРУМИЦА ЗНАЕВ ДЕКА СЕ ЗАФАЌАМ СО СЕРИОЗЕН ПРЕДИЗВИК ВО ВРЕМЕ НА ГОЛЕМИ ИСКУШЕНИЈА ПРЕД КОИ СЕ ПОСТАВЕНИ И ПАРТИЈАТА И ТАТКОВИНАТА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
ПРЕДИЗВИК ДА СЕ БИДЕ ОПОЗИЦИЈА СО РАЗУМНО ДЕЈСТВУВАЊЕ ВО ВРЕМЕ НА СЕКОЈДНЕВНИ ПРИТИСОЦИ ВРЗ ЧЛЕНОВИТЕ И ГРАЃАНИТЕ И СЕКОЈДНЕВНИ ПРЕДАВСТВА И СКАНДАЛИ НА ВЛАСТА.

ВО РЕЧИСИ ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОПОЗИЦИСКО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА ЛОКАЛНО НИВО ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ СТЕКНА ИСКУСТВО ВРЕДНО ЗА СЕКОЈ ЧЛЕН И ЗА СЕКОЈ СОГРАЃАНИН ВО БОРБАТА ЗА СОБОРУВАЊЕТО НА НЕНАРОДНАТА ВЛАСТ НА СДСМ.
ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ ПРЕКУ АКТИВНА РАБОТА НА ТЕРЕНОТ ПОМЕЃУ СВОИТЕ СОГРАЃАНИ ГО БЕЛЕЖИ НЕЗАДОВОЛСТВОТО И НЕСИГУРНОСТА ШТО ГО КРЕИРА ВЛАСТА И ИМА СИЛНА МЕМОРИЈА ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НО И, ЗА ХРАБРОСТА НА ЧЛЕНОВИТЕ И СОГРАЃАНИТЕ ДА ИСТРАЕМЕ ДО КРАЈ ЗА ДА СОЗДАДЕМЕ ПРОМЕНИ.
ПРВИОТ ЧИН НА ДЕЛЕГИТИМИРАЊЕ НА ВЛАСТА НА СДСМ СЕ АКТУЕЛНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ.

НА 21 – ви АПРИЛ НАРОДОТ МАСОВНО ЌЕ ГО ЗАОКРУЖИ БРОЈОТ 2 ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА И ВОДЕН ОД ИДЕЈАТА ЗА ЧЕСТИТА МАКЕДОНИЈА ХРАБРО И ОДЛУЧНО ЌЕ ГО ПОПРЕЧИ СДСМ ДА СОЗДАДЕ АПСОЛУТНА ВЛАСТ И ДА ЈА УРНИСА ИНСТИТУЦИЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛ ПО ПРИМЕРОТ СО НАЦИОНАЛНИТЕ И ЛОКАЛНИ ИНСТИТУЦИИ.
ЗА ТАА ЦЕЛ МИ ПРЕТСТАВУВА ОСОБЕНА ЧЕСТ ДА ВЕ ПОКАНАМ ВО НЕДЕЛА, НА 7 – ми АПРИЛ, НА ГОЛЕМ НАРОДЕН СОБИР.

МИТИНГ НА ВМРО – ДПМНЕ НА КОЈ СВОИТЕ ИДЕИ И ПРОГРАМАТА ЌЕ ГИ ПРЕТСТАВИ КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ГОСПОЃА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА И ОБРАЌАЊЕ НА ЛИДЕРОТ НА ВМРО – ДПМНЕ ГОСПОДИН ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ.

МИТИНГОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА ВЛЕЗОТ ВО ГОЛЕМИОТ ГРАДСКИ ПАРК ВО СТРУМИЦА, КАЈ СПОМЕНИКОТ НА БЛАГОЈ ЈАНКОВ МУЧЕТО СО ПОЧЕТОК ВО 20 ЧАСОТ.
ВО ИМЕ НА ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ ГИ ПОКАНУВАМ СОГРАЃАНИТЕ НА ТАА СРЕДБА НА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ ЗЕМЕ НОВ ЗАВЕТ ПРЕД ГЕНЕРАЦИИИТЕ ДЕКА СО ЧИСТА СВЕСТ, СО ЦЕЛАТА ЕНЕРГИЈА ПРАВИМЕ И ЌЕ ПРАВИМЕ СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ДА СОЗДАДЕМЕ ПРОМЕНИ.

ДА ЈА ИЗВОЈУВАМЕ ТОЛКУ ПОТРЕБНАТА ПОБЕДА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ НА ПРОФЕСОР ГОРДАНА СИЛАНОВСКА ДАВКОВА И ВМРО – ДПМНЕ КОИ ЗА НАШАТА ТАТКОВИНА ЌЕ ГИ ДОНЕСАТ ТОЛКУ ОЧЕКУВАНИТЕ ВЕТРИШТА НА ПРОМЕНИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СИТЕ СФЕРИ НА ОПШТЕСТВЕНО ЖИВЕЕЊЕ.
ВИ БЛАГОДАРАМ!