bandr
ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) БРАНЕ ТРАЈКОВ: ДОСЕГА НАЈГОЛЕМ ПРОЕКТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО Е НАБАВКАТА НА НОВ АВТОМОБИЛ!

ДРАГИ СОГРАЃАНИ НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО

ПОМИНА ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА ОД ПРЕВЗЕМАЊЕТО НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ НА СДСМ НА ЧЕЛО СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН ЈАНЕВ.
ВО ИСЧЕКУВАЊЕ ДА ИЗЛЕЗЕ И ДА ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ОПШТИНАТА ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД, ГРАЃАНИТЕ НА НАШАТА ОПШТИНА НЕ СЛУШНАА НИТУ ЗБОР.
СЕ ОНАА ШТО ГО ВЕТУВАА ВО ИЗБОРИТЕ НЕМА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НИТУ ЕДЕН ПРОЕКТ, ЗАТОА НИЕ СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО – ДПМНЕ РЕШИВМЕ ДРАГИ СОГРАЃАНИ ДА ВИ ГИ КАЖЕМЕ ПРОЕКТИТЕ:
НАЈГОЛЕМ ПРОЕКТ КОЈ ГО РЕАЛИЗИРАА ДОСЕГА Е НАБАВКАТА НА НОВ АВТОМОБИЛ ЗА ДА МОЖЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ УШТЕ ПОВЕЌЕ ДА ШЕТА.

НА СЕКОЕ НЕГОВО ПОЈАВУВАЊЕ ЗБОРУВА ЗА ЗАДОЛЖЕНА ОПШТИНА, А ИМА ПАРИ ДА СИ КУПИ НОВ АВТОМОБИЛ. ДАЛИ ТОА ИМ ГО ВЕТИ НА ГРАЃАНИТЕ ВО ПРЕДИЗБОРНИОТ ПЕРИОД?
ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НЕ САМО ШТО ГИ ТРОШИТЕ ЗА АВТОМОБИЛ, ГИ ТРОШИТЕ И ЗА ПАРТИСКИ, СЕМЕЈНИ ВРАБОТУВАЊА.

ДАЛИ ТАКА ГО ДОНЕСОВТЕ ЖИВОТОТ ВО ОПШТИНА ВАСИЛЕВО? ЖИВОТОТ ШТО ГО ВЕТИВТЕ НА ГРАЃАНИТЕ, НО НАЈВЕРОЈАТНО ВИЕ СТЕ МИСЛЕЛЕ НА ЖИВОТОТ ЗА СЕБЕ И ВАШИТЕ БЛИСКИ.
ЗГРАДАТА НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО СТАНА ПРЕТЕСНА ЗА СИТЕ ВАС. ГИ ПРОДАДОВТЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ НА НАШАТА МАКЕДОНИЈА, ГИ ИЗМАНИПУЛИРАВТЕ ГРАЃАНИТЕ И СЕГА КОНТИНУИРАНО ПРОДОЛЖУВАТЕ ДА ГО ЛАЖЕТЕ НАШИОТ НАРОД, НО НИЕ НЕ ЗАСТАНУВАМЕ ТУКА.
ВМРО – ДПМНЕ БУДНО ГИ СЛЕДИ СИТЕ ВАШИ ПОСТАПКИ И ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ ГИ СЛЕДИМЕ ВАШИТЕ НЕРЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ.
ВИ БЛАГОДАРАМ.