(ВИДЕО) АЛЕКСАНДАР ДОНЕВ: ШТО ЌЕ НИ СЕ СЛУЧЕШЕ АКО ОПОЗИЦИЈАТА НЕ СЕ ОГЛАСЕШЕ ЗА СРАМНИОТ ДОГОВОР НА „КОМУНАЛЕЦ“?

декември 12, 2019

https://www.facebook.com/strumicadenes/videos/559089111323261/?t=1

Прес на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ-Струмица, Александар Донев:

Почитувани сограѓани,
Пред неколку денови ВМРО – ДПМНЕ реагираше заради склучен договор на јавното претпријатие Комуналец од Струмица со приватна фирма. Јавноста беше запрепастена: милион и двесте илјади евра ќе плати Комуналец на приватна фирма за чистење на смет.

Непосредно потоа, ВМРО – ДПМНЕ го повика Градоначалникот Јаневски на одговорност и – договорот беше раскинат. Со несмасни потези, со цел брзо да се амнестира од одговорност актуелната локална власт пред јавноста отвори редица прашања:

Дали Градоначалникот Јаневски побарал одговорност, на пример од потписникот на договорот ?

Каква е таа неодговорна управа на јавно претпријатие која може да потпише штетен договор кој подоцна е раскинат со интервенција на Градоначалникот?

Ако не се огласеше Опозицијата, што ќе ни се случеше?

Понатаму, дали постојат други штетни договори за кои јавноста не знае ?

Особено, ако се има предвид дека тендерите во Струмица често завршуват во фирми на блиски роднини на функционери, или пак, со години тендери добиват истите фирми.

Конечно, дали Градоначалникот на Струмица – Јаневски е последната институција што реагира односно, дали се преземат мерки од други надлежни локални и државни институции?

Почитувани, Нашата задача добиена од граѓаните како опозиција – ја сфаќаме одговорно.

СДСМ веќе 15 години ја управува Општина Струмица и затоа одговорно и сериозно работење значи: прифаќање на грешките и оставки.
Ви благодарам.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ