Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, претседателката на Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ-Струмица-Тања Достинова заедно со останатите членови со еден убав гест, оваа година одлучија со една поинаква хуманитарна акција да ги израдуваат најмалите со скромни подароци. Имено, станува збор за корпички во кои внатре има чоколада. Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ-Струмица им го честитаа празникот на сите оние кои го слават.