ПРАТЕНИЧКИТЕ ЕЛИ ПАНОВА И Д-Р ЈАДРАНКА ПОЦКОВА ОСТВАРИЈА РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО КУЛТУРА ИЛИ ФИС-КУЛТУРА!

мај 25, 2021

На 22 мај пратеничките во Собранието Ели Панова и Д-р Јадранка Поцкова ,Претседателот на републичката Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков, претседателот на комисијата за култура при ОК Струмица Бранко Ѓоргиев и Секретарот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица Владимир Ристов остварија работна средба со претставници на здружението Култура или Фис-култура.

На средбата беа разгледани актуелните проблеми со кои се соочуваат културните работници од Струмица.

Од страна на пратеничките Панова и Поцкова во договор и со другите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од регионот преземена е обврска:

-да се постави прашањето во Собранието на Република Македонија на следната седница за пратенички прашања;
– да се преземе ангажман во врска со предлагање на солидни решенија во новиот Закон за култура;
-да се институционализират актуелните проблеми со сите расположливи сретства.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: