ПЕТАР МАРКОВ: Сите т.н. мерки кои власта ги презема за специјализантите се популистички и некомплетни!

ноември 1, 2019

Почитувани, и премиерот на Република Македонија Зоран Заев, и министерот за здравство Венко Филипче, во ниту во еден јавен настап на кој ја третираат темата здравство не изоставуваат да ги споменат специјализантите како група на која и ги решиле проблемите.

Тврдењата дека прашањата за специјализантите се затворени се далеку од вистината. Сите т.н. мерки кои власта ги превзема се популистички и некомплетни.

Имено, една цела група на кофинансирани специјализанти не се опфатени со законските измени со кои се регулира времето на одработување во Јавните здравствени установи по завршувањето на специјализацијата, како и висината на финансиските средства кои специјализантите треба да ги враќаат доколку дојде до раскинување на договорот.

Ваков дискриминирачки третман не заслужува ниту еден лекар кој поминал години интензивно високо образование и бил спремен да остане и да придонесе во развојот на здравството во својата земја.

Дали се работи за недостаток на политичка воља или пак свесно оставање простор за манипуација со оваа група специјализанти е помалку важно, она што е суштински застрашувачко е дека заминувањето на младите лекари од Република Македонија до октомври 2019 година е најголемо во историјата од осамостојувањето на нашата држава.

Веќе не се во прашање само ниските плати и лошите услови за работа, се повеќе станува збор за одговор на потценувањето на интелигенцијата на младите лекари и секојдневните понижувања кои ги трпи лекарската фела.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ