Почитуван Хаџија Рамис Хоџа
Почитувани верници,
Традиционално Општински Комитет ВМРО-ДПМНЕ Струмица и оваа година по повод Рамазанските пости организира Ифтарска вечера. Постот предвидува дури 17 часа да не се јаде ниту да се пие а учењето вели дека на тој кој пости ако за Ифтар му понудиш барем една чаша вода или една урма правиш дело достојно, како оној што пости. Почитувани браќа и сестри Бог е оној што бара единство на сите. Затоа треба да се натпреваруваме колку што можеме добри дела да си правиме еден на друг и да си помагаме. Како Претседател на Општински Комитет во името на ВМРО-ДПМНЕ Ви посакувам трпение и мир во вашите пости и подготовки, живи и здрави многу години заедно да го дочекуваме светиот празник Рамазан Барјам.