Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:
Почитувани сограѓани, членови на ВМРО-ДПМНЕ,
Изминува годината забележана како најтешка за нашиот народ и држава. Сериозна здравствена криза ја погоди нацијата, предизвика економска криза, задолжувања и рецесија.
Многу од нас годината ќе ја паметат по ограничувања, загуба на работа или, за жал, загуба на блиските.
Додека се снаоѓаме како да го заштитиме здравјето, сведоци сме дека државните институции не реагираа ниту соодветно ниту навремено.
Нацијата е предадена, предаден е граѓанинот.
Нашата општина во кризата виде оправдување за нереализирани проекти ветувани во четири мандати.
Но, во годината што минува се здобивме со драгоцено искуство.
Верувам дека секој веќе виде колку вреди слободата и колку вреди мигот крај блиските.
Слободата почитувани, се стекнува со единство и со многу работа.
Пред нас е година од која сите имаме многу очекувања. Да ја победиме пандемијата и, да ја вратиме државата, нацијата, стопанството на вистинскиот пат.
Воден од силна надеж во 2021 година, се зафатив во Општинскиот Комитет со мисла на оние кои се неправедно во затворите, кои трпат притисок на работа или останале без неа.
Додека пред очи се случува неправда, тендери, вработувања кои ги следиме внимателно.
Се зафатив со тим на конструктивни опозиционери подготвени да победат на локални и предвремени парламентарни избори.
Затоа, сите храбри сограѓани ги почитувам како наши активисти.
Чесните македонци се нашите лојални членови.
Драги сограѓани,
Да си посакаме многу здравје и успех!
Нека ни е Честита и бериќетна Новата 2021 Година!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да ни е вечна Македонија!
Видеото може да го погледнете со кликнување ОВДЕ.